Откако серијата Black Shark 5 на Xiaomi пристигна на светскиот пазар на почетокот на овој месец, сега на ред се и другите членови од семејството на мобилни телефони наменети за гејмерите.
Следни се Black Shark 5S и 5S Pro, а веродостојниот дојавувач Digital Chat Station ги објави прелиминарните спецификации на овие уреди.
Black Shark 5S и 5S Pro ќе имаат 6,67-инчни OLED екрани чувствителни на притисок со FHD+ резолуција и централно поставен исечок за селфи камерата. Се верува дека споменатиот екран ќе има брзина на освежување од 144 Hz, а двата уреди ќе се напојуваат од најновиот процесор на Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. Ќе добијат и побрза SSD+UFS меморија.
Моделот 5S ќе има главна камера од 64 MP, додека кај моделот 5S Pro ќе биде камера од 108 MP. Двата уреди ќе се напојуваат со батерија од 4.790 mAh со поддршка за жично полнење од 120 W, а другите спецификации вклучуваат мотор со X-axis, стерео звучници и магнетни гејминк поттикнувачи.
Продажбата започнува во септември.