Љубител на технологијата, наречен Reimu NotMoe, го искористил 14-годишниот телефон Nokia 1680 и го претворил во минијатурен Linux компјутер, кој го нарекол Notkia.
За да успее во овој потфат, тој ја замени матичната плоча, како и повеќето други компоненти на телефонот. Оригиналната кутија и тастатурата беа оставени.
Создаден е мини компјутер, кој е опремен со процесор Ingenic X1000E MIPS со едно јадро, со работен такт од 1GHz. Има и 64 MB RAM, 32 MB NOR флеш меморија и 4 GB SLC NAND флеш меморија.
The Bad Apple. Now it's a bit faster. pic.twitter.com/XUYuPA4oN4
— @[email protected] (@ReimuNotMoe) May 31, 2022
Nokia 1680 првично се одликува со TFT екран, кој сега е заменет со 2-инчен IPS LCD дисплеј, со резолуција од 220 x 280 пиксели. Уредот има и USB-C порта, камера од 5 MP со автофокус, Yamaha MA-3 синтисајзер на звук, аналоген MEMS микрофон, поддршка за Wi-Fi 4 и Bluetooth 4.0 LE и повеќе.
Комплетната машина работи под оперативниот систем Linux, додека оригиналната тастатура Nokia 1680 се користи за внесување текст. Уредот Notkia може да се користи за безжична комуникација, како воки-токи или како едноставен терминален компјутер.
Уредот има и еден недостаток, а тоа е што не може да се користи за телефонија и нема пристап до мобилен интернет. Исто така, нема приклучок за слушалки, па затоа е неопходно да се користат безжични слушалки или адаптер за звук.
Проектот Notkia е пријавен за одобрување на платформата Crowd Supply, што би можело да му овозможи на уредот да се појави на пазарот во одреден момент и форма.