Компанијата Microsoft работи на тоа да ги направи игрите достапни преку својата услуга Microsoft Teams.
Извори блиски до Microsoft тврдат дека компанијата започнала со тестирање на игри како Solitaire, Connect 4 и Wordament во рамките на Teams.
Јасно е дека игрите како Halo и Forza нема да може да се играат преку Teams во скоро време, но потегот на Microsoft јасно покажува дека игрите се обидуваат да го подобрат искуството за користење на Teams. Покрај деловната комуникација, целта е да се понуди и начин на забава, односно да се продолжи да се балансираат потребите од хибридното и далечинско работење.
Microsoft засега тестира само класични игри од понудата на Casual Games, па не е сигурно дека ќе им биде понудена интеграција на корисниците. Засега нема официјален коментар од компанијата.
Дополнително, Microsoft размислува за виртуелен простор во Teams како дел од поширок план за метаверс, и претходно објавени амбиции кои вклучуваат 3Д аватари и извонредни состаноци кои треба да бидат достапни во Microsoft Teams оваа година.
Microsoft континуирано додава нови можности на Teams со фокус на далечинското работење. Режимот Together беше едно од првите додатоци во ерата на пандемијата што беше претставено пред речиси две години, а апликацијата постојано се унапредува со различни подобрувања.