Samsung се подготвува да ја објави новата генерација на флексибилни смартфони, кои се очекува да пристигнат во наредните месеци. Уредите треба да пристигнат под имињата Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4.
Иако ни делат уште неколку месеци од официјалното објавување, протекоа неколку вести и извештаи кои открија некои клучни информации за претстојните телефони. Сега, нов извештај открива информации за внатрешна меморија за Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4.
Се известува дека Samsung Galaxy Z Fold 4 ќе пристигне со до 1TB внатрешна меморија додека Z Flip 4 ќе има опции до 512 GB. Причината за ова е веројатно тоа што не се очекува уредите да имаат поддршка за microSD картичка.
Ова нема да биде првиот паметен телефон на Samsung што ќе има 1TB внатрешна меморија. Galaxy S22 Ultra доаѓа и со опција за складирање од 1 TB, но толку голем капацитет за складирање првпат беше понуден во моделот Galaxy S10 Plus.
Јужнокорејскиот гигант ќе продолжи да нуди опции за складирање податоци од 256 GB и 512 GB, а ќе биде додадена и опција за складирање од 1 TB. Во тој случај уредот би можел да чини околу 2000 долари, ако се земе предвид дека моделот со 512 GB простор чини 1899 долари. Додека Z Flip 4 ќе пристигне во опции од 128 до 512 GB, а доколку цената остане иста како претходната генерација, ќе има цена од 999 до 1099 долари.
Се очекува Samsung Galaxy Z Fold 4 да ги има истите големини на екранот како неговиот претходник, со внатрешен екран од 7,6 инчи и надворешен екран од 6,2 инчи. Но, се предлага телефонот да има помала и полесна шарка, потесни рамки и поширок сооднос.
Најверојатно ќе се напојува со процесор Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 и ќе има сензор за главната камера од 50 мегапиксели на задната страна, заедно со подобар телефото објектив со поддршка за зумирање 3x.
Се посочува дека телефоните од самиот почеток се напојуваат со оперативен систем Android 12, заедно со корисничкиот интерфејс One UI на Samsung.