Во Шведска користат технологија за виртуелна реалност (ВР) за да обучуваат поштари.
Со оваа технологија, поштенската компанија PostNord може да ги симулира сите активности – од сортирање на пакети до проверка и управување со возилата. Покрај тоа, тие на овој начин ги практикуваат лидерските вештини и комуникацијата.
Досега интернетот главно се користеше за обука на работници. Но, тие тврдат дека VR тренингот е многу побрз и поефективен. Ова беше клучно за време на пандемијата на коронавирус.
Пандемијата резултираше со тоа што работниците на PostNord отсуствуваа од работа поради здравствени проблеми и се применуваше мерка за физичко растојание. Тогаш, VR беше попотребна од кога било претходно.
Исто така, се тврди дека овој тип на обука е покорисен – не е неопходно да се чека колегите да стекнат вештини, една активност може да се повторува се додека е потребно, се подобрува меморијата и способноста за решавање проблеми.
Софтверот за обука е развиен од шведската компанија Warpin. VR технологијата се применува за различни цели, од градежништво до медицина.