Големо количество антички бронзени статуи и добро сочувани саркофази откриени во египетската Сакара, беа претставени на јавноста во понеделникот, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети.
Археолозите открија реликвии кои припаѓаат на египетските династии закопани во некрополата Сакара во минатото, но најновото откритие го означува првото и најголемото ископување на бронзени статуи во областа од доцниот период или 5 век п.н.е.
Откриени се 150 статуи направени по примерот на боговите на фараонот. Статуите се откриени за време на египетската археолошка мисија, која од 2018 година ископува 28 километри јужно од Каиро.
Во соопштението се наведува и дека археолозите пронашле бронзени садови за кои се верува дека биле користени во ритуали поврзани со египетската божица на плодноста Изида.
Мисијата откри уште 250 обоени дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, дрвени маски со златна боја и десетици фигурини на мачки.
Пронајдено е бронзено огледало, нараквици, ѓердани, обетки и украси за глуждовите од периодот на Новото Кралство, околу 15 век п.н.е., јавува CNN.