Инстаграм воведе исклучително важна алатка која ќе помогне да се лоцираат киднапираните деца.

Тоа е алатка наречена Amber Alerts која има одобрение од полицијата и која се емитува преку ТВ, СМС пораки и други средства. Сега Инстаграм ќе го смести и Amber Alerts во feed-овите на корисниците, алатката првично ќе биде достапна во САД, а малку подоцна и пошироко, во 25 земји.

Овој потег на Инстаграм покажува колку слични апликации станаа основна комуникациска инфраструктура во современиот свет.

Додавањето Amber Alerts на Инстаграм има смисла од неколку причини. Прво, помладата генерација би можела да ги игнорира СМС-пораките, но дефинитивно редовно ќе ги прегледува feed-овите на Инстаграм. Второ, текстуалните известувања бараат кликнување на врската за да добиете повеќе информации и фотографии за исчезнатото дете, а Инстаграм го нуди тоа директно. Известувањата нема да изгледаат како известувања, туку ќе се појавуваат во стандардните feed-ови на корисници.

Фејсбук претходно додаде Amber Alerts на News Feed во 2015 година, и ако некои корисници никогаш не ги виделе, тоа само покажува колку биле ретки, а властите се прилично строги кога станува збор за контекстот потребен за објавување на такви информации, вклучувајќи опис на жртвата и киднаперот како и користениот автомобил. Исто така, тие се испраќаат само до лица за кои се верува дека биле во близина на местото на киднапирањето.

Инстаграм соопшти дека доколку корисникот добие известување, тоа значи дека во неговата околина има активна потрага по исчезнатото дете. За да се одреди групата на корисници до кои се испраќаат известувања, се користат информации за градот наведен во профилот, IP адресата и локацијата, доколку се вклучени.

Amber Alerts ќе бидат достапни во Аргентина, Австралија, Белгија, Бугарија, Канада, Еквадор, Грција, Гватемала, Ирска, Јамајка, Јужна Кореја, Литванија, Луксембург, Малезија, Малта, Мексико, Холандија, Романија, Јужна Африка, Тајван, Украина, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Соединетите Американски Држави.