Во рамките на Huawei премиерата на новите флегшип смартфони P20 и P20 Pro беше претставен и нов модел безжични слушалки. Слушалките се нарекуваат FreeBuds и барем на изглед наликуваат на AirPods на Apple, но обезбедуваат подобро изолирање од околните звуци.
Цената на слушалките е 159 евра, а од Huawei тврдат дека можат да обезбедат 10 часа автономна работа, што е речиси двојно повеќе од постигнувањето на производот на Apple, а кое се постигнува преку футролата за носење, која функционира и како полнач. Слушалките ќе бидат достапни во бела и црна боја.
Покрај нив, Huawei презентираше и подобрена верзија на класичните слушалки со технологија за потиснување на шумот, како и специјален DAC засилувач за слушалки, кој треба да обезбеди звук со подобар квалитет.