Ви пренесуваме три помалку познати трикови за WhatsApp, кои сигурно ќе ви бидат корисни.
Ако користите WhatsApp, сигурно имате неколку опции кои ги користите секој ден, но понекогаш е добро да „прочепкате“ низ помалку познатите функции и да пронајдете неколку нови.
Ова се помалку познати карактеристики на WhatsApp што ќе го направат вашето секојдневно искуство со користење уште подобро.
Намалете ја потрошувачката на податоци во повиците на WhatsApp
Опцијата за повикување на WhatsApp е многу корисна алатка која не троши многу податоци. Ако навистина не сте „тие“ со мегабајти, секогаш можете да го ограничите вашето трошење преку одење до Settings > Storage > Data и избирање на опцијата „Use less data for calls“, што ќе ја намали потрошувачката на податоци за време на повик.
Испратете го транскрипт од допишување преку е-пошта
Иако веројатно веќе знаете дека вашиот разговор е зачуван во облакот, постои можност да не сте слушнале за можноста за испраќање преку е-пошта. Се што треба да направите е да отидете во Settings> Chats> Chat history и во ова поле историја на разговори да изберете контакт, пишува Tportal.
Откако ќе го изберете разговорот, WhatsApp ќе ве праша дали сакате да испраќате датотеки заедно со текстуалните пораки. Откако ќе го направите вашиот избор, можете да го испратите разговорот по е-пошта и ќе го добиете во формат TXT.
Погледнете кој ја прочитал вашата порака во групата
За да видите кој точно ја прочитал вашата порака, само притиснете ја долго време и потоа изберете го менито со три точки. Во него ќе видите листа на корисници на разговорот кои ја прочитале, како и оние кои не ја прочитале вашата порака.