Култниот режисер не се согласува и со тоа што новите бургери се именувани според неговото име – Спилбургери.

Извинете момци, добри ви се бургерите, но престанете да ги емитувате видеата, порача во видео-порака светски познатиот режисер Стивен Спилберг, откако во јавноста се појавија реклами за бургери во кои се направени пародии на дел од неговите филмови. Воедно, режисерот не се согласува што новите бургери се именувани и според неговото име – Спилбургери.

Се работи за промоција на специјалитети од синџирот ресторани за брза храна „Carl’s Jr“. Новиот бургер им се вика „Спилбургер“, а во видеата со кои се промовира се прикажани (преработени) сцени од познатите филмови на Спилберг, како „Е.Т.“, „Ајкула“, „Паркот Јура“, „Блиски средби од трет вид“.

Во основа, главната инспирација за овие видеа е новиот филм на Спилберг, „Ready Player One“, чија премиера е деновиве. Во филмот се прикажани сцени и ликови од познати филмови од осумдесеттите, меѓу кои и од филмовите на Спилберг.

Дебатата со познатиот режисер први ја почнаа од синџирот ресторани за брза храна, од каде, преку социјалните мрежи истакнаа дека за нивните нови рекламни видеа не го консултирале Спилберг и оти се надеваат на негова согласност.

https://twitter.com/AmblinEnt/status/978732170788286464?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.adtodate.mk%2Fmk%2Frecord.php%3Fmv%3D9%26id%3D1535

Откако тој им одговори преку видео-порака дека не се согласува, дебатата не престана. Од  „Carl’s Jr“ објавија дека му оставиле порака на автомобилот на режисерот и од него бараат да ја смират топката. Одговор на тоа нивно барање засега нема, зашто, наводно, пораката ја оставиле на погрешен автомобил.

Сепак, јасно е дека целото ова натегање е само игра со добро смислена рекламна кампања. Компанијата „Carl’s Jr“ веќе има склучено договор за креирање рекламен материјал што ќе биде поврзан со филмот „Ready Player One“.

Според „USA Today“, компанијата има склучено договор со студијата „Ворнер Брос“, коишто стојат зад новиот филм на Спилберг. Така дебатата што се води преку „Твитер“ е само дел од рекламната стратегија на двете страни.

Сите видеа за кои се крена прав на социјалните мрежи се достапни на следниот линк.

Извор: AdToDate.mk