WhatsApp продолжува да работи на развој на својата апликација, а новитетот што доаѓа ќе ги ослободи корисниците од некои непријатности.
WhatsApp претходно најави дека бројот на членови на групниот чет ќе се зголеми на 512, најавени се реакции на пораки и пренос на поголеми датотеки, а сега фокусот е јасно на дискреција.
Новитетот што WhatsApp моментално го тестира е укинувањето на известувањата за напуштање на групата. Во иднина известувањето ќе го добиваат само администраторите, а не сите членови на групата.
Многумина ќе признаат дека сакаат да напуштат одредени групи, но не го прават тоа бидејќи секој член од групата ќе го забележи тоа што резултира со нервоза. Сепак, новото ажурирање на апликацијата ќе ја олесни таа ситуација.
Засега не се знае точно кога ќе пристигне, ниту на која платформа првпат ќе се појави, iOS или Android, но секако ќе биде олеснување.