Покрај огромниот број на текстови за скандалот кој го потресе Facebook поради начинот на кој компанијата “Кембриџ Аналитика” ги користела податоците на неговите корисници, „BBC“ повторно објави свое интервју од 2009 година со основачот и шефот на најголемата социјална мрежа на светот.
Во текот на разговорот со новинарката на BBC, Цукерберг, помеѓу другото, категорички тврдел дека нема да ги продава податоците на корисниците на Facebook, додавајќи дека заштитата на приватноста е исклучително значајна за социјалната мрежа и дека алатките за управување со податоците ја прават оваа социјална мрежа единствена.
Сепак, на прашањето како мисли да заработува, тој одговорил – со рекламирање.
“Постојат разни компании и ентитети кои сакаат да закупат огласи, со цел со помош на информациите кои ги имаат – каква и порака да испраќаат – да можат да дојдат до други луѓе”, изјавил Марк Цукерберг во 2009 година.
Погледнете што тогаш младиот директор на Facebook имал да каже: