Неисправната кинеска вселенска станица Tiangong-1 влезе во ниската земјина орбита и се очекува да влезе повторно во атмосферата на Земјата некаде меѓу 30 март и 2 април. Поголемиот дел од 9-тонската вселенската станица најверојатно ќе изгори во атмосферата, но неколку илјади жешки парчиња, раздробени остатоци, сепак, може да преживеат и да паднат на површината на нашата планета.
Веројатноста дека ќе дојде некое парче и до вас е 1:292 трилиони или околу 500 милиони пати помала веројатност од тоа да ве погоди гром. Сепак, ако откриете некое парче од Tiangong-1 еве некои добредојдени совети за тоа што е најдобро да направите и како да постапите во случајот.
Прво и основно правило е: Не го допирајте предметот!
„Постојат две причини зошто не треба да го допирате парчето вселенско ѓубре“, вели Роберт Перлман, уредник на collectSPACE.com .
„Како прво, тоа е ризик по вашето здравјето. Веројатно вселенската станица носи многу опасни материи кои не се безбедни при допир со луѓето, вклучувајќи ги и токсините од горивото. Покрај тоа, со оглед на тоа што апаратот ќе биде растргнат при влегувањето во атмосферата, она што преживува на земјата може да има многу остри рабови. Не е нешто што би сакале вашите деца да го допрат“, додава тој.
Втората причина зошто не треба да се зема вакво парче вселенски отпад е законската одредба од Договорот за експлоатација од 1967 година. Имено, секое вселенското летало е правно наследство на земјата, додека не се изјасни дека тоа не е во негова сопственост. Не е важно каде што ќе слета, тоа сепак и припаѓа на земјата од која потекнува. Овие одредби исто така ја прават Кина правно одговорна за каква било штета на лице или имот што неконтролираната вселенска станица може да ја предизвика. Ова исто така значи дека ако го задржите парчето од Tiangong-1, тоа е еднакво на кражба на државен имот. Верувале или не, луѓе заминале во затвор поради слични искуства.