Niantic сака да го искористи успехот и популарноста на Pokemon Go и Pikmin Bloom за новата игра наречена Peridot.
Niantic е познат по AR игрите базирани на постоечките франшизи, но новиот наслов ќе биде оригинален. Peridot е игра базирана на „одгледување“ и грижење за уникатни виртуелни миленичиња.
„Овие Peridot-и или Dot-и спијат илјадници години, а сега им требаат играчи за да го обезбедат нивниот опстанок“, напиша продуцентот на Niantic, Зиа Фогел на својот блог.
Играчите ќе можат да ги хранат своите виртуелни миленичиња, да си играат со нив и да ги „одгледуваат“ додека растат.
Додека корисникот е на прошетка, неговиот Dot може да открие скриени богатства, а играчите исто така ќе можат да соработуваат со други.
Се чини дека Peridot е повеќе наклонет кон оние кои уживаа во играњето игри како Pokemon Go, Pikmin Bloom и Harry Potter: Wizards Unite.
Тоа ќе биде првата оригинална игра на Niantic од Ingress, и првично ќе биде достапна само на одредени пазари.
Заинтересираните можат да се пријават за да бидат известени кога играта ќе биде достапна во нивниот регион.