Индустријата сè уште е во транзиција, а платформите полека се префрлаат од DDR4 на DDR5 меморија. Со своите претстојни Zen 4 процесори, AMD сака да го „размрда“ пазарот на полето на оверклокување на DDR5 меморијата.
Процесорите „Raphael“ на AMD, базирани на архитектурата Zen 4, се очекуваат подоцна во текот на годината и ќе поддржуваат DDR5 меморија. Тие се наменети за гејмерите, ентузијастите и стандардните корисници на компјутери и се очекува новата платформа да им конкурира на процесорите на Intel Raptor Lake, кои поддржуваат и DDR5.
Во моментов, брзината на меморијата DDR5 се уште е далеку од ветените 10.000 MT / s или повеќе, како што најавија производителите. Сепак, AMD сугерира дека би можеле да ги видиме тие брзини со Raphael процесорите.
Не е познато како AMD планира да ја постигне оваа цел, но може да вклучи RAMP (Ryzen Accelerated Memory Profile). Ова е одговорот на AMD на технологијата Intel XMP 3.0.