Новите авантури на Лара Крофт доаѓаат наскоро.
Crystal Dynamics во четвртокот потврди дека започнале со работа на нова игра Tomb Raider, 13-та по ред во оваа франшиза.
Новиот Tomb Raider доаѓа и со нов мотор, бидејќи Crystal Dynamics ќе користи Unreal Engine 5, кој неодамна го објави Epic Games.
Crystal Dynamics is incredibly excited about the future of Unreal and how it will help us take our storytelling to the next level. That's why we're proud to announce that our next #tombraider game is being built on Unreal Engine 5! pic.twitter.com/UFMiWzJAZc
— Tomb Raider (@tombraider) April 5, 2022
Од компанијата наведуваат дека ќе им донесе сосема ново искуство на играчите и невиден гејмплеј и ново ниво кога е во прашање раскажувањето приказни, односно приказната што ја придружува играта.
Досега, Crystal Dyanmics го користеше својот мотор, Foundation Engine.
Засега нема датум кога би можеле да ја очекуваме играта, бидејќи само што почнаа да ја прават.