До неодамна имаше само спорадични неофицијални информации поврзани со мобилниот уред Honor X9 5G, а сега конечно се објавни официјалните карактеристики што ги носи овој телефон.
Екранот на овој уред е IPS LCD со дијагонала од 6,81 инчи и резолуција од 1080 x 2388 пиксели, со брзина на освежување од 120 Hz. Екранот има мал punch hole отвор за селфи камерата од 16 MP со отвор на бленда f/2,5.
Системот на главни камери на Honor на задниот дел од екранот се состои од три сензори. Главниот сензор има резолуција од 48 MP и отвор на бленда од f/1,8, како и фазен автофокус. Има и макро сензор со резолуција од 2MP и отвор f/2,4, како и сензор за длабочина од 2MP и отвор од f/2,4. Малку е изненадувачка одлуката да се изостави популарниот сензор за ултраширок агол.
Мобилниот чипсет што Honor го избра за овој уред од средна класа е Qualcomm SM6375 Snapdragon 695 5G. Овој осмојадрен процесор се состои од две Kryo 660 Gold јадра кои работат на 2,2 GHz и шест Kryo 660 Silver јадра кои работат на 1,8 GHz. Тука е и графичкиот чип Adreno 619. Сето ова е заокружено со 6GB или 8GB RAM, како и опции за простор за складирање од 128GB или 256GB.
Треба да се спомене и батеријата од 4.800 mAh, како и капацитетот за брзо полнење од 66 W. Има и сензор за отпечатоци на страната на уредот во внатрешноста на копчето за вклучување. Телефонот ќе доаѓа со оперативен систем Android 11, како и со кориснички интерфејс Magic UI 4.2. Конечно, овој телефон доаѓа во три бои, имено титаниум сребрена, океанска сина и полноќна црна. Овој телефон денеска ќе се најде во продажба во Малезија по цена од 238 евра.