Поголемиот дел од љубителите на автомобили и брзото возење сигурно гледале барем дел од популарната емисија “Top Gear”, во која водителите на малку поинаков начин ги покажуваат перформансите на автомобилите и останатите возила.
Така, во дамнешната 1986-та година, екипата на “Top Gear” го претставила и добро познатиот модел на Балканот – Југо 45. Екипата во склоп на епизодата претставила четири фамилијарни автомобили, сите произведени во источна Европа.
Покрај Југото кое се произведувало во фабриката за автомобили Застава во Крагуевац, биле претставени и Лада Рива од Русија, чешката Шкода 105S и полскиот Fiat FSO 125.
Дека познатото Југо привлекувало внимание и подоцна, покажале и неколку следни епизоди од оваа култна емисија.
Погледнете како било оценето ова возило во дамнешните 80-ти години:
Извор: Telegraf.rs