Неодамна се појави Chrome 99.0.4844.84 за Windows, Mac и Linux, а служи за поправање на опасна zero-day ранливост.
Google објави дека компанијата е свесна дека ранливоста CVE-2022-1096 „постои во дивината“, па објавено е итно ажурирање кое веќе стигнува до корисниците, иако ќе бидат потребни неколку недели додека да стигне до сите. За да проверите дали е достапно, треба да отидете во менито на Chrome menu > Help > About Google Chrome и веднаш да го преземете доколку е таму. Самиот прелистувач надгледува дали има нови надградби, па ги презема што е можно поскоро.
Откриената ранливост е сериозна, а напаѓачите можат да ја искористат за внесување малициозни елементи во Chrome прелистувачот. После тоа се е можно, а таквите пропусти секогаш може да доведат до сериозни последици, па затоа е неопходно што поскоро да се санираат.