Realme денеска во Кина го претстави својот GT Neo3 со два модели – стандардниот GT Neo3 и верзијата со 150W UltraDart полнење. Двете верзии на смартфонот доаѓаат со Dimensity 8100 чипсет на MediaTek, како и главни камери од 50 MP.
Екранот е 6,7-инчен AMOLED со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz. Тој е сертифициран како HDR10+ и има независен чип на екранот што треба да ја израмни стапката на слики во тешките игри и помала потрошувачка на енергија во одредени случаи.
Новиот 5nm Dimensity 8100 на MediaTek доаѓа заедно со 8 / 12 GB LPDDR5 RAM и 128 / 256 GB UFS 3.1 простор за складирање. Одделот за камера го предводи главниот сензор Sony IMX766 од 50 MP што доаѓа со OIS. Има и ултраширока камера од 8 MP и макро објектив од 2 MP. Софтверската страна е покриена со Realme UI 3.0 интерфејс преку Android 12.
Realme GT Neo3 доаѓа и со блиц полнење од 80 W што може во целост да ја наполни батерија од 5.000 mAh за само 32 минути. Полначот од 80 W во пакетот го поддржува стандардот SVOOC и е компатибилен со постарите телефони на Realme кои се полнат при помали брзини.
Сепак, уште поимпресивно е новото UltraDart полнење од 150W кое ја полни батеријата на телефонот од 4.5000 mAh од 0 до 50% за само 5 минути. За да ги постигне овие резултати, Realme повеќе го користи boost charge на полначот за да ја зголеми струјата која влегува во телефонот.
Realme GT Neo3 доаѓа во црна, Silverstone сребрена и Le Mans сина боја. Цената на Realme GT Neo3 почнува од 314 долари за 6GB RAM и 128 GB простор за складирање. Верзијата од 8/128 GB можете да ја добиете за 360 долари, додека моделот од 12/256 GB ќе чини 408 долари.
Realme GT Neo3 150W почнува од 408 долари за верзијата од 8/256 GB и оди до 440 долари за верзијата од 12/256 GB.