Компанијата OnePlus се подготвува за претставување на смартфонот Nord 3, а сега се откриени и некои негови спецификации.
Според достапните информации, Nord 3 ќе работи со нов процесор Dimensity 8100, што ќе биде поврзан со 12GB LPDDR5 RAM и 256GB UFS 3.1 простор за складирање.
Уредот ќе има 6,7-инчен AMOLED Full HD+ екран со резолуција од 1.080 x 2.412 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Во горниот лев агол на екранот ќе има перфориран засек за селфи камера од 16 MP.
На задната страна ќе има три камери, главната е 50MP (најверојатно Sony IMX766 сензор), ултраширок сензор од 8MP и монохроматски 2MP.
Уредот ќе се напојува од батерија од 4.500 mAh, која ќе поддржува полнење од 150 W. Сензорот за отпечатоци одпрсти ќе биде интегриран во екранот.
OnePlus Nord 3 се очекува да се појави на пазарот ова лето.