Играта Elden Ring далеку ги надмина очекувањата кога е во прашање продажбата.
Компанијата Bandai Namco очекуваше дека Elden Ring играта од студиото FromSoftware ќе биде продадена во четири милиони примероци за пет недели. Дури и тој резултат би бил импресивен, ако се земе предвид дека Dark Souls 3 се продаде во три милиони примероци еден месец по објавата.
Сепак, Elden Ring ги надмина и најхрабрите очекувања. Играта е продадена во 12 милиони копии ширум светот. Од тоа, милион примероци од играта беа продадени само во Јапонија, а сите 18 дена по објавата на насловот.
Според официјалното соопштение, споменатите резултати датираат од 14 март 2022 година, а се базираат на дистрибуција на физички копии и дигитални верзии на играта.
Со ова Elden Ring целосно собори некои претходни рекорди, кои се поврзани со игрите од Souls жанрот. Sekiro претходно беше продаден во две милиони копии за 10 дена, додека на играта Dark Souls 3 и беа потребни четири години за да достигне 10 милиони продадени примероци ширум светот.
Достигнувањето на Elden Ring веќе се споредува со она на Pokémon Legends Arceus, кој продаде 6,5 милиони примероци за седум дена – но треба да се напомене дека тоа го оствари наслов од франшизата која веќе имаше голем број фанови.
Elden Ring беше објавен на 25 февруари за PlayStation 5 и 4, Xbox Series X | S, Xbox One и PC преку Steam платформата.