Според најновото истражување на Strategy Analytics, Xiaomi ги надмина сите други производители со 25% удел на пазарот, по силниот раст на испораките на паметни телефони во Европа.

Xiaomi забележа раст од 14 проценти во однос на претходната година, со испорачани 50 милиони единици. Заздравувањето на пазарот на паметни телефони беше доведено од постојано економско закрепнување, здрава побарувачка од потрошувачите кои до неодамна користеа постари уреди, како и атрактивни 5G уреди по прифатлива цена.

Од Strategy Analytics велат дека европскиот пазар на паметни телефони имаше силен квартал поради закрепнување од Ковид-19 по есента 2020. година. Xiaomi се истакна со испорака на скоро 13 милиони телефони на континентот, заменувајќи го долгогодишниот лидер Samsung. Xiaomi постигна голем успех во Русија, Украина, Шпанија и Италија.

Испораките на Samsung се намалија за 7% на годишно ниво во Европа, што доведе до испорака на 12 милиони единици во вториот квартал од 2021-ва година. Samsung работеше добро со новите Galaxy A 5G модели, но се соочува со зголемена конкуренција од Apple во премиум класата и кинеските производители во долниот сегмент.

Apple имаше силен квартал, зголемен за 16 проценти во однос на претходната година и испорача скоро 10 милиони телефони во вториот квартал низ Европа. Серијата iPhone 12 продолжува да биде популарна кај лојалните клиенти на Apple кои доцнат да ги заменат своите уреди.