Redmi K50 серијата пристигнува денеска, а Xiaomi откри повеќе интересни детали за тоа што да очекуваме на претставувањето. Телефоните ќе пристигнуваат во три бои и ќе донесат нови функции на флегшип моделите на Redmi, вклучувајќи OIS на главната камера и опција за складирање од 512 GB.
Брендот ги откри и боите на телефонот Redmi K50 – ќе се продава во црна, бела и зелена боја. Црниот модел ќе има фенси дизајн кој се отсјајува под осветлување, што ќе додаде малку сјај на овој (не)обичен, црн телефон. Redmi K50 Pro ќе се испорачува со MIUI 13 интерфејс.
Гласините велат дека стандардниот Redmi K50 ќе доаѓа со агресивна цена во Кина, додека Pro и Pro+ моделите повторно ќе бидат вистински флегшип уреди со сите врвни спецификации и карактеристики.