Вечерва се одржа првиот медиумски настан на Apple во 2022. година, на кој компанијата од Купертино претстави нови iPhone, iPad Mac уреди.
iPhone SE
Новиот поевтин iPhone, според очекувањата доби најнов чип. Станува збор за мобилниот процесор познат од iPhone 13 серијата – A15 Bionic. Новиот iPhone SE го има истиот дизајн како и досега, односно во телото на iPhone 8, но со целосно унапредена внатрешност. Со новиот чипсет, овој стартен модел ќе им конкурира на поскапите уреди на конкуренцијата, ќе може да ги „врти“ најновите игри, а ќе го користи невронскиот чип за AR апликации.
Надградени се и предното и задното стакло на SE моделот, односно се одликуваат со ист квалитет и цврстина како стаклото на iPhone 13. Како можеби најважна предност, се посочува дека овој модел сега ќе нуди поврзување со 5G мрежите, и подобрена камера со „паметна“ обработка на фотографиитe, што досега беше резервирано за iPhone уредите од повисока класа. Годинашниот iPhone SE пристигнува во три бои – црвена, бела и црна.
И на крај – цената како главен адут. iPhone SE ќе се појави на пазарот по почетна цена од 429 долари, а продажбата ќе започне на 18 март.
iPad Air
Во согласност со претходните шпекулации, нов процесор пристигна и во iPad Air, кој исто така го задржа досегашниот надворешен дизајн. Но, тоа не е процесор од A серијата, туку помоќниот ARM чип од понудата на Apple – M1, познат од iMac, MacBook и iPad Pro.
Надградбата на чипот ја донесе опцијата Center Stage, која ја фокусира сликата од видео конференцијата на лицето што зборува и на овој модел. Во годинашната верзија, iPad Air ќе добие 5G конекција, како и двојно побрз USB-C порт. Новиот iPad Air ќе се продава во пет бои, по почетна цена од 599 долари (64 GB / WiFi). Ќе биде достапен во продавниците од 18 март.
iPhone 13
iPhone 13 серијата претставени во септември минатата година сега е освежена со две нови нијанси на зелена боја. Едната од нив е резервирана за стандардниот iPhone 13 модел, а втората наречена Alpine Green ќе ги краси iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max моделите. Преднарачките почнуваат овој петок, а испораките на 18. март, по истите цени како и досега.