Бидејќи А-серијата на Samsung е доста популарен избор кај купувачите, може да има незадоволни корисници кои се навикнати на полначот во кутијата со своите нови телефони.
Уште при лансирањето на iPhone 12 моделот на пазарот, Apple реши да воведе нов тренд за заштита на животната средина. Имено, се работи за тренд за исфрлање на полначот од кутијата, кој Samsung верно почна да го следи кај своите флегшип модели.
Сепак, иако минатата година без полнач пристигнаа и некои поевтини телефони на Samsung, како што се моделите Galaxy A13 5G и Galaxy A03S, се чини дека и други наскоро ќе останат без оваа опција. Барем така тврди познатиот протекувач Јогеш Брар.
„Нема полнач во кутијата за претстојните модели од М и А сериите “, напиша накратко Брар на својот Твитер профил. Не е сосема сигурно дали дојавувачот ја таргетира апсолутно целата идна палета на Samsung телефони или само оние што ќе се појават на пазарот во блиска иднина.
Иако сè уште ништо не е потврдено, не би било чудно Samsung навистина да се „откаже“ од полначот. Ако тоа навистина се оствари, најмногу ќе ги погоди оние кои ретко менуваат смартфони или нивниот модел од А серијата нивното прво „паметно милениче“.