Според најавите, алијансата ќе ги користи способностите за развој на мобилноста на Honda, технологијата за производство на каросерии на возила и искуството со управување со постпродажни услуги”.
“Honda” потпишала меморандум за разбирање со компанијата “Sony”, во кој двата јапонски гиганти се согласиле да основаат заедничко претпријатие со цел развој, производство и продажба на електрични возила, како и во врска со пружање на услуги за мобилност.
Новата заедничка компанија ќе биде основана во текот на 2022. година, а се очекува дека првиот електричен автомобил ќе се појави на пазарот до 2025. година.
Според најавите, алијансата ќе ги користи “способностите за развој на мобилноста на Honda, технологијата за производство на каросерии на возила и искуството со управување со постпродажни услуги”.
Со други зборови, Honda нема само да произведува возила во сопствените фабрики, туку ќе игра и активна улога во дизајнот и развојот на моделите.
Што се однесува до компанијата Sony, таа во заедничкиот потфат ќе придонесе со својот “експертизам во развојот и примената на технологијата на телекомуникации, вмрежување и забава”, со што ќе биде задолжена за новата платформа за услуги за мобилност.
Sony ја претстави “Vision-S 01” лимузината на CES 2020 и “Vision-C 02 SUV” на CES 2022 саемот. Двата концепти ги направила компанијата Magna Steyr од Австрија, со развојни партнери меѓу кои се Bosch, Valeo и Almotive.
Иако не можеме да бидеме сигурни дали првото сериско возило ќе биде засновано на споменатите концептни автомобили, нивниот развоен програм трае повеќе од две години што ги прави добри кандидати.