Чекањето да пристигне 3 во 1 безжичниот пад на Apple кој ќе може да ги полни iPhone 8, iPhone X, Apple Watch и AirPods слушалките, наскоро завршува.
Според гласините кои што се појавија на интернет, продажбата на AirPower би требала да започне најдоцна до крајот на овој месец.
AirPower ќе има максимална излезна сила од 29 W, додека безжичните полначи за iPhone 8 и iPhone X имаат максимална излезна сила од 7,5 W. Како тоа ќе се одрази на полнењето на уредите, засега не е познато, односно не е познато дали силата на полнење ќе биде подеднакво поделена на трите уреди, или пак еден уред ќе се полни за побрзо време доколку на падот не се приклучени други уреди.
Apple нема објавено никакви детали за AirPower откако падот беше најавен уште во септември минатата година. Според некои гласини, овој уред ќе се продава по цена од 200 долари.
Освен тоа, за преку безжичен пат да се полнат слушалките AirPods, корисниците ќе мора да купат куќиште кое чини 69 долари, што дополнително ќе ја зголеми цената на системот на Apple за бежично полнење.
Покрај тоа, се шпекулира дека безжичното полнење го скратува векот на батеријата, за разлика од стандардното полнење преку кабел.
Извор: Klix.ba