До 2040 година, количината на пластичен отпад што се излева во океаните се предвидува да се зголеми тројно, а владите се под притисок да се обединат и да усвојат глобален одговор на кризата.
Обединетите нации во почнаа официјални преговори за глобален договор чија цел е да се реши „епидемијата“ на пластичен отпад, а експертите сметаат дека тоа е историски момент за планетата и најважниот мултилатерален пакт од Парискиот климатски договор во 2015 година.
Собранието на ОН за животна средина (UNEA), кое завршува денеска во Најроби, е подготвено да усвои резолуција за формирање меѓувладина преговарачка комисија и финализирање на правно обврзувачки договор до 2024 година. До 2040 година, количината на пластичен отпад што се излева во океаните се предвидува да се зголеми тројно, а владите се под притисок да се обединат и да усвојат глобален одговор на кризата.
Според извори блиски до разговорите, земјите-членки на ОН, вклучително и големите производители на пластика, како што се САД и Кина, ја одобрија рамката за глобален договор за запирање на загадувањето со пластика и формирање на меѓувладин преговарачки комитет (INC) кој ќе посредува во конечниот договор.
Официјалните лица велат дека рамката на глобалниот договор им дава на преговарачите широк и силен мандат да ги разгледаат новите правила за борба против загадувањето со пластика од нејзиното појавување како суровина преку производство и употреба до безбедно отстранување.
Ова може да вклучи ограничувања за производството на нова пластика, произведена од нафтени деривати и гас, иако деталите ќе се утврдат за време на подоцнежните разговори.
Мандатот предвидува преговори за обврзувачки глобални цели со механизми за следење, развој на национални планови и финансирање за посиромашните земји.
Преговарачите исто така имаат можност да ги разгледаат сите аспекти на загадувањето – не само проблемите со пластиката во океаните, туку и проблемите со ситните честички во воздухот, загадувањето на почвата и пластиката во синџирот на исхрана на човекот, што е клучен услов на многу земји.
„Ние сме сто проценти задоволни од исходот“, рече Ана Тереза Лекарос, шеф на одделот за животна средина во перуанското Министерство за надворешни работи, земја која потпиша една од нацрт-резолуциите.