Џек Свини, американски тинејџер, вљубеник во информатиката, дошол во фокусот на јавноста откако на Твитер направил неколку профили и ботови за нив, за во реално време да објавува каде се наоѓаат приватните авиони на познатите лица од технолошкиот свет.
На неговиот радар така се нашле Eлон Маск, Бил Гејтс, Џеф Безос, но и уште некои познати и многу богати луѓе.
Меѓутоа, Свини сега отворил нов профил на Твитер кој има единствена цел – да ги следи приватните авиони на руските олигарси. Како што објасни за Bloomberg News, направил профил Russian Oligarch Jets, откако започнала руската инвазија на Украина, а светот почнал со санкции за Русија.
Меѓу познатите руски милијардери, чии хеликоптери и приватни авиони Свини ги следи на новиот профил, се Роман Абрамович, Олег Дерипаска и Вагит Алекперов.
Tracking all of the following. pic.twitter.com/cUW5rwS0el
— Russian Oligarch Jets (@RUOligarchJets) February 27, 2022
Неверојатно е какви се авиони имаат овие луѓе, рекол Свини за Bloomberg, истакнувајќи дека руските богаташи најчесто бираат големи авиони, како Airbus A319 и Boeing 737.
За само неколку дена профилот на Свини на Твитер добил повеќе од 110.000 следбеници, но не останал само на тоа.
Отворил посебен профил, со име Russian VIP & Putin Jets, со цел следење на авионите на руските службеници, кои Путин би можел да ги користи за своите патувања.
Tracking the following Russian VIP jets RA-96012, RA-96016, RA-96017, RA-96014, RA-96018, RA-96019, RA-96020, RA-96022, RA-96023, RA-96021, RA-96024.
— Russian VIP & Putin Jets (@PutinJet) February 25, 2022
За само три дена овој профил привлекол повеќе од 22.000 фанови, иако досега има само три објави – онаа во која наведува кои авиони ги следи и една за авион кој полетал од Москва, и слетал на истото место по 3 и пол часа.
Да потсетиме, Свини веќе претходно објасни дека неговиот бот не употребува никакви приватни и недостапни податоци за авионите, туку само јавно достапни податоци кои може да се пронајдат на интернет.
Извор: B92.net