Samsung претстави четири преносни компјутери, а лаптопите ги красат 1080p AMOLED екрани, Intel процесори од 12. генерација, поддршка за S Pen пенкало и разумни димензии.
Galaxy Book2 Pro и Galaxy Book2 Pro 360 пристигнуваат во две големини, од 13,3 инчи и 15,6 инчи. Главната разлика е во тоа што 360 моделот има шарка која му овозможува да се свитка се до таблет формат.
Samsung Galaxy Book2 Pro 360 во 13,3-инчна верзија има тежина од самоsvega 1,04 kilograma, dok je 15,6-inčni model težak 1,41 kilogram.
Introducing #GalaxyBook2Pro and #GalaxyBook2Pro360. Next-level performance and style, packed super light for your on-the-go lifestyle. #IntelEvo #MWC22
Learn more: https://t.co/AeTLog6459 pic.twitter.com/NRkfVqoYgU
— Samsung Mobile (@SamsungMobile) February 27, 2022
Двата AMOLED дисплеја нудат резолуција од 1920 x 1080 пиксели, а Samsung вели дека се посветли од претходно. За време на стандарден преглед, тие нудат осветлување од 400 нита, додека HDR содржината оди до 500 нита.
Имплементирана е и поддршка за S Pen (но без поддршка за Bluetooth). Покрај тоа, Samsung Notes доби подобрена поддршка за препознавање на ракопис, hyperlink поддршка и синхронизација со Galaxy уредите кои работат со Android.
Galaxy Book2 Pro 360 е достапен со избор на Intel Core i7 или i5 процесори од 12-та генерација и Intel Iris X графика. Има 8GB, 16GB и 32GB LPDDR5 RAM меморија. Моделот од 13,3 инчи има батерија од 63 Wh, додека моделот од 15,6 инчи има батерија од 68 Wh.
Samsung Galaxy Book2 Pro доаѓа во две бои – сребрена и графит. Во продажба ќе се најде од април, по цена од 1.050 долари за i7 процесорот, 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање.