Компанијата Sony официјално го претстави својот хедсет наречен PlayStation VR2.
Финалниот дизајн на PlayStation VR2 хедсетот конечно е познат, а Sony го претстави и VR2 Sense контролерот. Потпретседателот на PlayStation, Хидекаи Нишино, преку блог објасни дека дизајнот на двата уреда е сличен и дека тие се дизајнирани да обезбедат приказ од 360 степени во виртуелниот свет. Тој додаде и дека изгледот и чувството на уредот заедно пружаат повеќе кога станува збор за „целокупната вибрација“ на конзолата PlayStation 5, а истовремено се „помеки“ и подобро прилагодени на телото.
Нишино го истакна фокусот на ергономијата и додаде дека првите впечатоци на оние кои ги тестирале уредите биле позитивни. На корисниците им е на располагање ново „тркало“ за прилагодување на објективот за да им биде поудобно на очите, а и нов систем за вентилација кој го подобрува протокот на воздух. Новата единица има само еден кабел поради што подесувањето и користењето ќе биде полесно во однос на оригиналниот PSVR.
Засега не е позната цената, како и датумот на пристигнување на пазарот.