Македонски Телеком ja пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија и овозможи користење на 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.
Подготовките за воведување на 5G технологијата започнаа во 2018 година со првата лабораториска демонстрација на 5G, а во 2019 година Телеком ја постави првата реална тестна мрежа преку којашто се постигнаа брзини на пренос на податоци од 1Gbps, десет пати поголеми од 4G.
Македонски Телеком е во екот на имплементацијата на новата 5G радио пристапна мрежа и за половина година успеа да обезбеди покривање со 5G сигнал на 15 градови и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.
Од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до 5G услуги. До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 градови во Македонија.
Мрежата на Телеком е подготвена да овозможи супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување на радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК.
„Пред три години ги почнавме првите подготовки за технологијата на петтата генерација, а денес ја имаме првата комерцијална 5G мрежа. Изминатите години се подготвувавме, инвестиравме, тестиравме, градевме и зборувавме за иднината, сега можеме да кажеме дека 5G е тука. Го исполнивме еден од најважните предуслови за четвртата индустриска револуција, а со добивањето на новите 5G радиофреквенции, оваа технологија ќе го достигне својот вистински потенцијал, а нашите корисници ќе ги добијат брзините кон кои целиме.“ – изјави Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.
5G за корисниците
Засега, 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината.
Можностите на 5G технологијата ќе бидат достапни во тарифите: Ultra – вклученo во претплатата, без потреба од активација, Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited без дополнителен надомест, со активација на услугата преку апликацијата TelekomMK. Во промотивниот период, 5G ќе може да се активира без дополнителен надомест и кај корисниците на Magenta 1 M и Mobile M преку апликацијата TelekomMK. Пристапот на 5G мрежата ќе биде овозможен без дополнителен надомест и за деловните корисници, во тарифите Magenta1 Business L / Business L и Business XL / XXL со автоматска активација, а за корисниците на Magenta1 Business M и Business M со активација преку апликацијата TelekomMK. Листата на смартфони коишто се сертифицирани за 5G постојано ќе расте и ќе се надополнува со нови модели.
Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латенција во комуникацијата. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.
Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години, заедно со растот на можностите на новите технологии.
Сите информации за 5G, покриеноста на територијата, информации за производи и уреди, како и детали за можностите на оваа технологија ќе можете да ги тука линк , додека за деловни корисници на следниот линк.
Поврзани артикли