Група аргентински научници користат микроорганизми родени на Антарктикот за да исчистат што е можно повеќе загадување од гориво или пластика во недопрените пространства на Белиот континент.
Претходните студии покажаа дека микробите во почвата и океаните ширум светот еволуираат за да можат да јадат пластика.
Веќе е познато дека постојат микробиолошки ензими кои ја разградуваат пластиката, а често ги има во бактериите на депониите и слични места полни со пластика.
Претходните истражувања скенираа повеќе од 200 милиони гени пронајдени во примероците на ДНК земени од околината и открија 30.000 различни ензими кои можат да разградат десет различни видови пластика.
Аргентинските истражувачи користеле ситни микроби кои јадат отпад, создавајќи природен систем за чистење на загадувањето предизвикано од дизелот, кој се користи како извор на електрична енергија и топлина за истражувачките бази на замрзнатиот Антарктик.
Континентот е заштитен со Мадридскиот протокол од 1961 година, кој предвидува дека тој мора да се чува недопрен.
Истражувањето за тоа како микробите би можеле да бидат корисни кога станува збор за пластичниот отпад е материјал за проучување на поголеми еколошки проблеми.
Домашни микроорганизми
„Во овој труд го искористивме потенцијалот на домашните микроорганизми – бактерии и габи кои ја формираат антарктичката почва, дури и кога е контаминирана, а овие микроорганизми јадат јаглеводороди односно нафта“, рече биохемичарот д-р Лукас Руберто. „Она што е за нас загадувач, може да биде храна за нив.“
„Јаглеводородите се органски соединенија составени само од атоми на јаглерод и водород и се наоѓаат на повеќе места, вклучувајќи сирова нафта и природен гас“, објасни тој. „Овој тип на микроорганизми во суштина јаде соединенија слични на нафта и ги користи како гориво. Слични микроорганизми веќе одиграа важна улога во разградувањето на нафтените дамки, како онаа во Мексиканскиот залив во 2010 година.“
Во декември, Руберто и колегите научници отпатуваа во Карлина, една од шесте постојани бази на Аргентина на Антарктикот, и беа принудени да се стават во карантин за да се спречи потенцијалното пренесување на коронавирусот на континентот, кој претходно беше изолиран.
Биоремедијација – чистење на почва контаминирана со дизел
Членовите на неговиот тим извршија биоремедијација, а тоа е, меѓу другото, чистење на почвата загадена со дизел, користејќи автохтони микроорганизми и растенија, со што се отстрануваат околу 60 до 80 отсто од загадувањето.
Д-р Руберто вели дека членовите на неговиот тим им помогнале на микробите со азот, влага и вентилација да ги оптимизираат нивните работни услови.
„Во основа, со тоа постигнуваме микроорганизмите, со многу мало влијание врз животната средина, биолошки да го намалуваат нивото на загадувачи“, објасни Руберто.
Тој и неговите колеги почнаа да истражуваат како микробите можат да придонесат за чистење на пластичниот отпад на друго место во светот.
И горивата и пластиката се полимери, молекули составени од долги синџири од главно јаглерод и водород. „Еден од нашите проекти оваа година бара автохтони микроорганизми способни да ја разградуваат пластиката“, рече Натали Бернард, биохемичар и специјалист за биоразградлива пластика.
„Ако откриеме дека пластиката навистина успешно се распаѓа, следниот чекор е да разбереме како оди ова, со цел да се најде долгорочен начин на биотехнолошкиот процес на разградување на полимерите на толку ниски температури“, рече Бернард.
Извор: Index.hr