На 22 години повеќето од нас само што завршуваа факултет и се надеваа дека ќе најдат пристојна работа. Пејуш Шривастава не е како повеќето луѓе.
Овој млад генијалец на 22 години има своја биотехнолошка компанија со капитал од милиони долари и се надева дека неговата технологија за 3D скенер што детектира болести на срце наскоро ќе биде достапна во болниците и одделенијата за брза помош ширум земјата.
„За пет години од сега сакаме да бидеме стандардот во Одделенијата за итна помош со кој ќе се одредува дали пациентот е пред срцев удар или не“, вели Шривастава чија компанија има седиште во Синсинати.
Во 2013 година тој се запишал на Државниот универзитет во Охајо, но наскоро ја основал компанијата „Genetics“ со двајца негови колеги, се откажал од факултетот и се посветил на усовршување на технологијата што потенцијално може да спаси илјадници животи.
Шривастава вели дека скенерот на неговата компанија, наречен Faraday, драстично го забрзува процесот на дијагностицирање на конкретната срцева болест или состојба, што го забрзува времето на реагирање и третирање.
Скенерот моментално чека одобрување од Администрацијата за храна и лекови на САД, под чија ингеренција е доделувањето на сертификати за производство на медицинска опрема.
Извор: Кајгана