Елон Маск му понуди 5.000 долари на еден тинејџер за да престане да го следи неговиот приватен авион на Twitter.
На Twitter профилот Elon Musk’s Jet, кој го води 19-годишниот Џек Свини, може да се види движењето на приватниот авион на Елон Маск. Свини на својот профил објави преписка од разговорот со Маск, кој минатата есен му пријде со молба, да престане да го следи неговиот авион.
„Можеш ли да го деактивираш ова? Безбедносен ризик е“, му напиша Маск.
„Да, можам, но ќе ве чини колку и Model 3“, му одговори тинејџерот.
Маск му порача дека не сака да има работа со „лудаци“, но сепак на крајот му понуди 5.000 долари.
„Има ли шанси тоа да се зголеми на 50.000 долари? Би ми било од огромна помош со факултетот и можеби ќе ми овозможи да си купам автомобил, можеби дури и Model 3“, праша Свини.
Маск му одговори дека ќе размисли, но оттогаш се нема огласено.
Свини го следи приватниот авион на Маск со употреба на бот и јавни податоци од Федералната авијациска администрација и редовно ја потенцира локацијата на авионот, соопштувајќи на пример дека слетал во Остин по шестчасовен лет.
Профилот има над 90.000 следбеници и по неколку стотици лајкови од твит. Џек Свини е студент на Универзитетот во Централна Флорида.