Mini се приклучува на се поголемиот број производители кои лансираат сопствена програма за електрификација на стари автомобили
Формиран е специјален тим кој ќе ја води програмата Recharged. Идејата е класичните Mini автомобили да се освежат со електрификација. Во процесот на реновирање, нивниот бензински мотор се заменува со електромотор од 122 КС. Според достапните податоци, обновената класика е далеку пожива, достигнувајќи 100 km/h за околу 9 секунди.
Максималната брзина е непозната, но се знае дека досегот со едно полнење е околу 160 километри. Не многу, но добрата страна е возењето низ град без да се плаќа дополнителна такса за загадување. Има можност и за бесплатен паркинг на одредени локации. Сето ова нормално се однесува на Велика Британија.
Добрата вест е дека е можно враќање и на старо. Имено, секој изваден мотор е означен и складиран, па можно е да се врати во секое време. Исто така, по конверзијата, Mini изгледа исто, додека единствениот новитет во кабината е инструмент таблата со ретро дизајн.
Цената на преработката не е позната, но како водич може да послужи фактот што некои помали работилници нудат ваква обработка за околу 25.000 евра.
Извор: Додај Гас