Netflix повторно ги зголеми цените на претплатата за својата услуга во САД и Канада, што најверојатно значи дека порастот може да ги погоди и другите пазари во догледна иднина.
„Ги зголемуваме цените за да можеме да продолжиме да нудиме широк спектар на квалитетни опции за забава“, изјавија од Netflix за „Ројтерс“.
Инаку, станува збор за зголемување од еден долар за опцијата Basic, 1,50 долар за опцијата Standard и два долара за опцијата Premium. Последното поскапување беше во 2020 година, но цената пред тоа порасна во 2019 година, што веројатно е потег со кој со преминувањето во јануари годинава компанијата сака да избегне критики за покачувањето на цената три години по ред.
Сите корисници ќе бидат известени по е-пошта 30 дена пред промената на цената.