Со новиот дизајн на задниот дел на Lexus NX за 2022 година, јапонската марка го отстранува логото од „задникот“ на идните модели кое ќе биде заменето со натписот Lexus
Во едно неодамнешно интервју, Брејн Болејн, шеф на одделот за глобален маркетинг на Lexus, потврди дека ова решение ќе биде имплементирано не само на концептите како LF-30 и LF-Z Electrified, туку и на новиот LX како и сите нови модели. Му се допаѓало тоа некому или не, тоа едноставно ќе мора да се прифати како така.
„Потребен ни е начин да нагласиме дека доаѓа промена што се однесува до Lexus. Ова може да изгледа како глупав начин, но привлекува внимание“, вели Болејн. Тој притоа на ум го има и следното поглавје во стратегијата за електрификација на Lexus.
Од друга страна, она што ќе ги воодушеви идните клиенти на оваа јапонска марка е тоа што неговите идни модели ќе го вклучуваат новиот инфозабавен систем на Toyota, кој е развиен внатре во компанијата, па сегашното фрустрирачко решение со џојстикот наскоро ќе стане минато.
Во зависност од моделот, новиот инфозабавен систем ќе биде достапен со екран со дијагонала од 8 до 14 инчи, со функција чувствителност на допир. Во игра се и навигација базирана на Google Maps, безжична Apple CarPlay и Android Auto конективност и ажурирања на софтверот преку Интернет.