Астрономите за првпат успеале да забележат сигнал од првите ѕвезди во универзумот, а можеби и успеале да дојдат и до потврда за постоење на мистериозната темна материја.
Студијата е објавена во магазинот Nature, а нејзиниот водечки автор Џад Брауман од државниот универзитет во Аризона, кажал дека сигналот потекнува од првите објекти во универзумот, од периодот кога излегувал од темнината односно пред 180 милиони години.
Сигналот покажал неочекувано ниски температури и необично изразен бран. Кога астрономите се обиделе да сфатат зошто е така, најдоброто објаснување било дека тука влијаела темната материја.