Пред неколку години, Lenovo објави видео кое сугерираше дека компанијата би можела да го оживее Motorola Razr – веројатно еден од најлегендардните телефони од минатото. Motorola подоцна негираше дека ќе го оживее споменатиот модел. Меѓутоа, сега се појавија нови информации во врска со оваа тема.
Според информациите од TechRadar, кој разговараше со Јанг Јуанкинг (CEO на компанијата Lenovo) најавено е дека Razr навистина би можел да се врати во нова форма. Јуанкинг истакна дека технологијата им овозможува на компаниите да бидат иновативни со дизајнот на смартфоните, a како резултат на тоа би можеле да видиме и модерна верзија на Razr.
Засега не е сигурно дали Lenovo навистина планира претставување на моделот Motorola Razr, но ако знаеме дека HMD минатата година го оживеа телефонот Nokia 3310, како и Nokia 8110 на годинешниот MWC, не би требало да ја отфрлиме ниту можноста Lenovo да претстави модерна верзија на Razr.