ТабНајновата серија Galaxy Tab A ја подобрува вашата дневна рутина – од забавно до хибридно учење

Компанијата Samsung Electronics го претстави својот нов Galaxy Tab A8, најмодерен и најмоќен уред од серијата Tab A досега. Galaxy Tab A8 има импресивен екран, моќ и перформанси кои совршено се вклопуваат во тенок и лесен дизајн подготвен за учење, забава, поврзување и многу повеќе. Galaxy Tab A8 е дизајниран да одговара на секој начин на живот и потреби на корисниците и беспрекорно се синхронизира со другите Galaxy уреди за совршено функционален екосистем.

„Во свет каде што работата и учењето на далечина станаа вообичаени, таблетите се појавија како животно незаменливи уреди за многумина“, рече Метју Лим, потпретседател за глобален бренд маркетинг во секторот за мобилни искуства на Samsung Electronics. „Тие се совршена алатка за да добиете уште повеќе од вашите онлајн активности и дома и во движење. Знаеме дека луѓето сè повеќе ги користат таблетите за видео повици, онлајн училници, игри и стриминг, па затоа го опремивме Galaxy Tab A8 со одлични иновативни функции кои ќе ви помогнат да се поврзете на ново ниво.“

Сè што сакате да видите е надградено

Искуството за користење на Galaxy Tab A8 започнува од познатиот дизајн на Samsung и чувството кое го обожаваат корисниците од серијата Tab S. Овој лесен уред располага со продолжен екран од 10,5 инчи со нереално тенка рамка и стандарден сооднос 16:10. Благодарение на тоа, односот екран-тело е 80,1 отсто, што овозможува уште побогато искуство на гледање во споредба со претходните модели на таблети. Без разлика дали корисниците ги гледаат своите омилени серии, играат игри со пријателите или разговараат со семејството преку видео повик, четирите звучници на Galaxy Tab A8 со Dolby Atmos® звук, обезбедува совршено аудио искуство и неспоредливи детали, длабочина и реалност.

Со Samsung TV Plus и преку 200 бесплатни канали, сопствениците на Galaxy Tab A8 можат да уживаат во забава во живо или на барање. За новите корисници, Galaxy Tab A8 доаѓа со бесплатен YouTube Premium канал без реклами за два месеци, за да можете да ги гледате вашите омилени видеа без пречки во позадина и офлајн.

Покрај неверојатниот дисплеј, Galaxy Tab A8 им носи уште помоќни перформанси на корисниците на Samsung Tab A серијата. И процесорот и графичкиот процесор на Galaxy Tab A8 се 10% посилни, побрзи и без доцнење. Покрај тоа, Galaxy Tab A8 нуди неколку нивоа на опции за складирање, така што корисниците можат да го изберат она што најмногу им одговара. Изберете капацитет за складирање од 32 GB или 64 GB. Искористете ја опцијата за проширување на microSD картичката за да добиете простор до 1 TB. Батеријата од 7040 mAh со брзо полнење до 15 W значи дека корисниците можат да гледаат видеа онлајн со часови без страв дека ќе ја испразнат батеријата.

Безброј придобивки и целосна заштита

Galaxy Tab A8 обезбедува забавно искуство подобрено со отворен Galaxy уред и партнерски екосистем, чија цел е да го олесни и подобри секојдневниот живот на практичен начин. Изминатите две години покажаа дека таблетите можат да бидат прозорец кон подобро искуство – и на работа и за забава. Galaxy Tab A8 нуди моќна интерактивна едукативна содржина и лесна родителска контрола, овозможувајќи им на родителите да им обезбедат на своите деца безбедна и активна средина за учење дома и во движење. Корисниците можат веднаш да пристапат до сеопфатен преглед на користењето и активноста на уредот на едно место и да го приспособат времето поминато на екранот следејќи го неделниот напредок. Благодарение на соработката што Samsung ја постигна со глобалните партнери и можноста за персонализирање на домашниот екран со разиграни икони и бои, најмладите корисници можат да уживаат во забавното искуство на користење таблети прилагодени на нив.

За полесно и ефикасно извршување на повеќе задачи, можете да го поделите екранот и да користите две апликации една до друга, а можете дури и да додадете pop-up прозорец благодарение на функцијата Multi-Active Window. Ако сте на предавање, можете истовремено да разговарате со колегите, да правите белешки и да  гледате презентација. Кога прелистувате на интернет, едноставно повлечете го линкот од вашиот тековен прозорец до страницата за да добиете поделен екран. Функцијата Drag & Split автоматски отвора втор прозорец за пребарување за подинамично прелистување на веб.

Со задна камера од 8 MP, предна камера од 5 MP и сосема нова функција за снимање екран на Galaxy Tab A8, студентите, професорите и гејмерите нема да пропуштат ништо. Можете да направите јасни, детални видеа од упатства и предавања или дури и да се снимате себеси за време на презентација. Оваа функција ви овозможува да се снимате себеси како правите белешки, истакнувајќи клучни точки или пишувате на екранот за да го усогласите она што го кажувате со она што го гледате, што ви помага да се концентрирате и подобро да ги разберете вашите белешки. Кога ќе бидете подготвени да се префрлите од вашиот Galaxy Tab A8 на вашиот паметен телефон Galaxy, можете да споделувате текст, веб-страници, слики и многу повеќе, помеѓу овие уреди со брз copy-paste.

Што е најважно, корисниците можат безбедно да уживаат во сите функции на Galaxy Tab A8. Galaxy Tab A8 е поддржан од водечката безбедносна платформа на Samsung Knox со повеќеслојна заштита. Функцијата за препознавање на лице гарантира дека сопствениците на Galaxy Tab A8 се единствените кои имаат пристап до нивниот уред. Постојаната заштита на основниот софтвер во реално време го спречува пристапот од надворешни закани за овој уред.

Достапност

Galaxy Tab A8 ќе биде достапен од јануари 2022 година. За повеќе информации, посетете ги SamsungMobilePress.com, news.samsung.com/Galaxy или Samsung.com.

Samsung Galaxy Tab A8
Екран 10,5 инчи* 1920 x 1200 (WUXGA) TFT
OS Android 11
Димензии 246,8 x 161,9 x 6,9 mm
Тежина Wi-Fi / LTE: 508 g
Камера [Задна] 8MP AF [Предна] 5MP
Меморија* 3GB RAM sa 32GB внатрешно складирање / 4GB RAM sa 64GB внатрешно складирање / mikroSD** до 1TB
Процесор Осумјадрен, 2GHz
Батерија* 7040mAh (поддржува адаптивен брз полнач од 15W
Поврзување LTE* Wi-Fi 5 (802.11 a/b/g/n/ac) Wi-Fi Direct, Bluetooth® v5.0
Боја* Сива, сребрена, розево-златна
Конектори Type C USB 2.0, 3.5mm слушалки
Сензори Брзинометар, компас, жироскоп, светлосен сензор, сензор за простор
GPS GPS+GLONASS, Beidou, Galileo
Аудио Четири стерео звучници, Dolby Atmos®
Безбедност Samsung Knox, препознавање на лице
Дополнителна опрема Футрола на преклоп, штитник за екран, заштитна футрола со држач