Туркменистан е рангиран како земја со најбавен интернет во светот – на корисниците им треба речиси цел ден да преземат еден филм. Најбавен интернет на Балканот имаат Македонија (15,38 Mbps, 107 место), Албанија (19,36 Mbps, 96.) и Косово (22,21 Mbps, 81.).
Порталот Cable.co.uk во извештајот за брзината на широкопојасен интернет пристап во светот во 2021 година, наведе дека Туркменистан, со брзина на Интернет од 0,50 мегабити во секунда (Mbps), е најбавниот од сите 224 земји опфатени со истражувањето. За преземање на пет гигабајти биле потребни повеќе од 22 часа и 34 минути.
Најбавен Интернет на Балканот имаат Македонија (15,38 Mbps, 107 место), Албанија (19,36 Mbps, 96.) и Косово (22,21 Mbps, 81.).
Резултатите од истражувањето покажале дека од 11-те поранешни советски републики кои се членки на Заедниците на независни државни, Интернетот е најбрз во Русија (35,73 Mbps, 66. место), Украина (25,26 Mbps, 77. место) и Белорусија(19,86 Mbps, 92. место).
Естонија, Летонија и Литванија се рангирани меѓу 40-те најдобри земји. Естонија го предводи балтичкото трио со просечна брзина на Интернетот од 84,72 Mbps – 22. место во светот.
Летонија е на 33 место со брзина од 63,28 Mbps, додека Литванија на 37 место со брзина од 56,17 Mbps.
Во источна Европа, три земји со највисока просечна брзина на Интернет се Унгарија (104,07 Mbps, 10.), Романија (67,40 Mbps, 29.) и Словенија (67,20 Mbps, 30.).
Од Cable.co.uk истакнале дека листата е направена по над 1,1 милијарда тестови на брзината направени во 12 месеци до 30 јули.
Извор: B92.net