Сопственикот на компаниите Tesla и SpaceX, Илон Маск го споредил новиот директор на Twitter, Параг Агравал, со советскиот лидер Јозеф Сталин.
Според Business Insider, реакциите на Елон Маск не се изненадувачки во врска со одлуката на основачот на Twitter, Џек Дорси да отстапи од фукнцијата директор на оваа компанија. Маск токму на таа социјална мрежа реагирал со фотомонтажа со која Агравал со споредил со советскиот диктатор.
За оваа монтажа искористена е фотографија на која се Сталин и шефот на советската тајна полиција, Николај Јежов. Маск објавил две фотомонтажи – на првата Агравал во друштво на Дорси кој е претставен како Јежов, додека на другата Агравал е сам.
Со тоа сакал да сугерира дека Дорси е турнат во вода, односно дека Агравал сака што повеќе да го оддалечи од Twitter. Всушност, во реалноста, Јежов е убиен во 1940 година кога во Советскиот Сојуз имало “голема чистка”.
— Elon Musk (@elonmusk) December 1, 2021
Дорси на 29 ноември соопшти дека повеќе нема да биде директор на Twitter и дека неговиот наследник е Агравал. До следната година ќе биде член на управниот одбор. Тој уште повеќе ќе се посвети на својата компанија за онлајн плаќање, Сквер.
Системот на Дорси за плаќање од 10 декември ќе биде преименуван во Блок, а тој ќе постои под корпорацијата Сквер, пренесува Business Insider.
Извор: Klix.ba