Францускиот произведувач го унапреди својот електричен модел Zoe за 2018 година.
Најважна новост на автомобилот е помоќниот електромотор кој испорачува 109 коњски сили (16 коњски сили повеќе во однос на порано) и 225 Nm вртежен момент.
Renault Zoe за 2018 година од состојба на мирување до 100 километри на час забрзува за 11,4 секунди, а како што вели произведувачот, за меѓузабрзување од 80 до 120 километри на час троши 2 секунди помалку од својот претходник.
Максималната брзина на автомобилот е 135 километри на час.
Zoe за складирање на електричната енергија користи литиум-јонски батерии со капацитет од 41 kWh, кои според зборовите на компанијата Renault, од 0 до 80% од вкупниот капацитет може да се наполни за еден час и 40 минути.
Францускиот произведувач соопштил дека автономијата во возењето во летни услови е до 300 километри на час, додека во зима паѓа на 200 километри.