Telefónica и NEC најавија спроведување на тестови на Отворената радио пристапна мрежа (Open RAN) на четири глобални пазари. Двете компании ќе имплементираат преткомерцијални испитувања на четирите основни светски пазари на Telefónica: Шпанија, Германија, Велика Британија и Бразил.\
Објавата следи по успешните испитувања спроведени од Telefonica во Германија и Велика Британија. NEC ќе служи како главен системски интегратор за имплементација и спроведување на тестирања на отворени RAN решенија, засновани на повеќе снабдувачи со оперативните компании од групацијата Telefónica.\
Telefónica е ран усвојувач на отворените мрежи и еден од најголемите европски оператори кои го потпишаа Open RAN MOU договорот во јануари оваа година. Со овој договор, операторот се обврза на имплементација и примена на Open RAN решенија насочени на изградба на пофлексибилни, поефикасни и побезбедни мрежи во ерата на 5G. Компанијата има и за цел до 2025. година да достигне 50 проценти раст на радио мрежата врз основа на Open RAN.
„Отворените мрежи неоспорно се клучот за поттикнување на еволуцијата на мрежата во ерата на 5G и за одржување и исполнување на нашата мисија за доследно обезбедување на супериорни искуства на нашите потрошувачи и бизнис“, рече Енрике Бланко, главен директор за технологија и информации (CTIO) во Telefónica.