Научниците од Универзитетот во Калифорнија успеаја во лабораториски услови да создадат хибрид од човек и овца. Во ембрионот на овца научниците уфрлиле човечки клетки, со цел во иднина да се овозможи одгледување на органи и ткиво за трансплантација.
Ваквите организми исто така може да се користат и за тестирање на лекови, бидејќи на нив би реагирале исто како и на човекот.
Пабло Рос, водечкиот научник на истражувањето изјави дека овие ембриони, кои се развиваат во телото на овца три недели пред да бидат уништени, имаат повеќе предности во однос на свинските, вклучувајќи и полесно производство.
– На 10 илјади клетки од овца, ембрионот содржи само една човечка. Потребно е соодносот да биде најмалку 100:1 за ова метода да се смета за успешна, вели тој.
– Доколку човечките клетки дојдат до мозокот на животното и започне да се менува интелегенцијата, тогаш овој експеримент треба да биде прекинат, вели Рос одговарајќи на етичките прашања.
Сепак, неговиот колега Хро Накаучи смета дека шансите за такво сценарио се минимални. Тој објаснува дека во ембрионот има многу мал број на човечки клетки.