Расправите околу зрачењето на паметните телефони, но и мобилните пред нив, се водат веќе со години. И додека произведувачите тврдат дека нивните уреди се безбедни и во рамките на сите прописи, докторите предупредуваат дека би требало да бидеме внимателни при долготрајното користење на паметни телефони.
Германската сојузна канцеларија за заштита од зрачење направила база на голем број на популарни паметни телефони и нивото на зрачење кое секој од нив го емитува.
Некои од уредите навистина емитуваат високи фреквенции, посебно при телефонски повици, додека други пак се многу попристојни, и можат да се класифицираат како безопасни.
Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP), уште во 1998 година препорачуваше дека специфичното ниво на апсорпција на електромагнетното зрачење, не би смеело да помине два вати по килограм.
Иако ниту еден паметен телефон кој моментално се наоѓа на пазарот не го поминува тоа ниво, некои се поблиску до таа граница од други.
Меѓу уредите кои најмногу зрачат за време на разговор се телефоните Huawei, Nokia, OnePlus и Apple.
Од друга страна, најмалку зрачат моделите Samsung, Google, ZTE и LG.
Извор: B92.net