Холандија планира да изгради соларна електрана на море, 15 километри од брегот, што треба да започне со комерцијална работа во период од три години.
Проектот доаѓа во критично време за Холандија, која се бори да ја ограничи употребата на фосилни горива и да се исполнат целите за емисиите на стакленички гасови по години недоволно инвестирање во обновливите извори на енергија.
Конзорциумот, кој се состои од енергетски компании, научници и истражувачи, планира 2.500 квадратни метри пловечки соларни панели што ќе почнат да работат во 2021 година.
Пилот-проектот, за кој се наменети 1,2 милион евра од државниот буџет, ќе дејствува на 30 квадратни метри панели во текот на ова лето. Ќе бидат тестирани опремата, временските услови, влијанието врз животната средина и производството на енергијата. Универзитетот во Утрехт ќе го истражува производството на енергија во прототип, што ќе се наоѓа на околу 15 километри од брегот на Хаг.
„Со цел да се реши проблемот со недостиг на земјиште, има неколку други бенефиции од изградбата на море, слични на оние во енергијата на ветерот“, вели експертот за соларна енергија Вилфред ван Сарк од Универзитетот во Утрехт, кој е вклучен во проектот.
„Има повеќе сончеви зраци на море и дополнителна корист од системите за ладење на панелите, кои го зголемуваат производството за 15 отсто“, вели тој.
Доколку биде успешна, постои простор за проширување на соларната фарма, за разлика од пренаселената холандска земја каде што преовладува јавен отпор кон фармите со ветерници.
Ван Хоекен вели дека очекува морската соларна енергија конечно да биде поевтина од морската ветро-енергија и од копнените извори на енергија благодарение на ниските трошоци за изградба на море.
Извор: Факултети.мк