Компаниите како Apple и Google им наплаќаат на програмерите надомест за продажбата на апликации, купувањата во апликациите и претплата креирана преку нивните продавници на апликации. Подолго време програмерите немаа избор, но во последните години се повеќе од нив почнаа да се огласуваат и да се жалат на надоместоците кои им ги исплатуваат овие компании.
Во најголема мерка, овие надоместоци изнесуваа околу 30 проценти, но Google неодамна најави некои промени за давачките што ќе се земаат од претплатите. Компанијата планира тоа да го преполови, па надоместоците сега ќе бидат само 15 проценти. Google напоменува дека и претходно им нудел на програмерите намалување од 15 отсто, но само доколку корисникот би имал константна претплата од 12 месеци.
Иако овој потег е одлична работа за програмерите кои сакаат да ја користат Play продавницата, тоа му помага и на Google во очите не регулаторните тела, каде се покажува дека Google е подготвен на отстапки и би можело да и помогне на компанијата да избегне понатамошни контроли и тужби.